| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Техничка или преодна влада – форма за „силување“ со умисла

Tatjana Karakamiseva 05 (Custom)
Какво е ова „силување“ со умисла на изборната волја на граѓаните и на мнозинството во парламентарниот состав што ни се случува пред нашите очи? – прашува професорката Татјана Каракамишева.
Таа реагира на, како што вели, дрското девалвирање на здравиот разум, на демократската процедура и практика.

Какво е ова извртување на сѐ што е нормално во ненормални форми и креации? – вели Каракамишева и додава:

„Како опозициските сонувачи си замислуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во свесна и трезвена состојба да стиснат зелено копче за некоја си техничка или преодна влада без нивната партија кога пред само една година граѓаните во РМ, со огромна разлика во гласовите, кажаа кој сакаат да ги води, во чија политика веруваат, кои се политичарите што ги поддржуваат да бидат власт во оваа земја, а кои не ги поддржуваат?“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top