Најдобриот фудбалер на светот на сите времиња, Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, уште еднаш истакна дека е недопирлив. Тој смета дека не постои играч што може да ја достигне неговата слава.
Играчот кој во својата кариера постигна повеќе од 1.000 гола и има освоено три светски титули со неговиот Бразил, повеќе пати е баран негов наследник, но според многумина и натаму го носи приматот „најдобар засекогаш“.
Големата фудбалска ѕвезда имаше интересен коментар на именувањето на суперѕвездата на Барселона, Нејмар за нов „бразилски крал“ на фудбалот.
– Мислам дека создавањето нов крал во Бразил, нов Пеле, е невозможно. Не е можно од проста причина што моите родители одамна ја затворија „машината“ – одговори поранешниот играч на Њујорк космос.
– Нејмар е одличен играч, фантастичен млад фудбалер. Тој напредува од ден на ден и нема сомневање дека ќе биде голема ѕвезда – додаде Пеле.
Некогашниот мајстор на фудбалските терени кратко одговори за неуспехот на Бразил на Светското првенство минатата година и болниот пораз од Германија во полуфиналето.
– Не мислев ништо, едноставно плачев – заврши Пеле.
Кралот на фудбалот се осврна на работата на старо-новиот селектор Дунга. Тој се надева дека Бразил е моќна репрезентација која може да го освои мундијалот во Русија во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“