Најмалку 72 Германци и 49 Шпанци се меѓу 150те загинати во вчерашната несреќа во Франција на авион на „Џерман Вингс“, нискобуџетна филијала на германската авиокомпанија „Луфтханза“.
Досега е потврдено дека во авионот Ербас А320, кој летал од Барселона за Дизелдорф, имало 72 германски патници, соопшти „Џерман Вингс“. Според вчерашните податоци, меѓу патниците на авионот биле 67 германски граѓани.
„Џерман Вингс“ и „Луфтханза“ досега оствариле контакт со семејствата на 123 од жртвите во несреќата. Тие се уште се обидуваат да стапат во контакт со блиските на останатите 27 загинати со помош на германското Министерство за надворешни работи.
Досега е потврдена смртта на 49 Шпанци, изјави државниот секретар за безбедност Франсиско Мартинс.
Меѓу жртвите во авионската несреќа се уште тројца Британци, неколкумина Аргентинци, еден Американец, како и жители на Австралија, Белгија, Босна и Херцеговина, Колумбија, Данска, Израел, Јапонија, Мароко, Мексико и Холандија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија