Астрологот Симеон Атанасовски ја предвиде вчерашната авионска несреќа во Франција во интервју за Канал 5 пред Нова Година. Атанасовски како можни денови во кои ќе се случат авионски несреќи наведе неколку датуми од месецот март.
Денеска е 25 март, значи разликата е само два дена од кобниот 26 кој го спомена Атанасовски во интервјуто. Ова не е прва авионска несреќа која ја предвидел астрологот. Тој имаше точни прогнози и за пад на Боинг 747 во Америка уште во 1996, натаму за авионска несреќа од поголеми размери во Иран, во Романија.
– Се прават неколку анализи кои се многу комплицирани и затоа ретко кој астролог во светот прави предвидувања за авионски несреќи – вели Симеон Атанасовски.
Атанасовски пред Нова година предвиде жешка политичка пролет во Македонија, особено месеците март и април. Тој тогаш рече дека овој ќе биде период на афери и политички превирања. Од денешна дистанца е повоздржан да прогнозира, со оглед дека сме во критичните месеци.
– Пред Нова Година најавив дека ќе имаме жешка политичка пролет, но кога тоа веќе се случува не би сакал да прогнозирам, но сакам да нагласам дека секој одлучува за својата иднина во овој момент. Очекувам неколку критични датуми до крајот на мај – рече Атанасовски.
До мај годинава Атанасовски предвидува уште две големи авионски несреќи, како и земјотрес над 6 степени според Рихтер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун



