Стратегијата на САД против тероризмот во Јемен доживува неуспех, а земјата тоне во хаос, проценуваат јеменски и американски официјални лица.
Операциите против екстремистите драстично опаднаа, додека истовремено падна владата во Јемен, а САД ги евакуираа својата војска и персоналот од земјата.
Константниот притисок на јеменскиот огранок на Ал Каеда попуштил, наведуваат експертите, а безбедното упориште кое екстремистите го стекнаа во Јемен овозможува да се развие и огранок на Исламската држава.
Агенцијата АП оценува дека е тоа брза трансформација на антитерористичката кампања на претседателот Барак Обама, која е објавена пред шест месеци како подлога за борбата против ИД во Ирак и Сирија.
Таа промена го изложи Обама на критики дека не успеал да ги согледа ризиците од стратегијата чија цел беше да ја зацврсти слабата позиција на јеменската влада и слабеењето на локалните безбедносни сили за да се направи рамка за борба против тероризмот и екстремистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.