Монако е кнежевство во Југозападна Европа. Претставува град-држава на Средоземното Море, лоциран на 18 километри источно од Ница. Па ако случајно тргнете во авантура низ Азурниот Брег не е лошо да тркнете и до Монако, можеби токму во тоа време таму ќе се погоди некој благородник со сина крв кој дошол на гости кај прицот Алберт…
Ве бакна принцот, а вие сте жабата, па ќе се случи некое љубовно зло предизвикано од неговите кралски родители…
Но која е веројатноста токму вие да сте жабата и зошто воопшто некој би бакнувал крастава жаба!? Има многу подобри начини да го грабнете принцот, ако ви е дојдено до тоа. Сепак, уште на самиот почеток добро размислете, не брзајте кон дворецот…
И несреќната Кејт Мидлтон по венчавката со принцот има големи маки! На Војвотката од Кембриџ, не само што никој повеќе не и се обраќа со Кејт, туку ќе мора да заборави и на многу други нешта. За работа може само да сонува, затоа што принцезите не работат, повеќе нема право да гласа на избори, а нема да може да ужива ни во магијата на друштвените игри како на пример Монопол! Во моментот кога кралицата ќе заврши со јадење, вечерата и за неа е завршена. Доколку и покрај сите овие маки и понатаму сакате да се омажите за принц, еве што треба да направите…
Стратегија
Социјалната мрежа Баду по проучувањето на околу 100 кралски љубовни приказни од Втората светска војна, па наваму дошла на идеја да направи листа со “седум златни правила како да го пронајдете принцот на својот живот”. Стратегија која “пали” е работа во медиум, студирање на некој познат универзитет, а најдобро е тоа да биде Кембриџ, задолжителен интерес за спорт (тенисот е најидеален) и љубовна прошетка низ Европа, посебно по земјите како што се Монако и Скандинавија.
И не заборавајте дека единствен начин, досега, кој и овозможил на девојка од средниот сталеж да го сретне принцот е да бакне голем број жаби.
Играјте тенис
Ако се земе предвид дека Кејт го запознала принцот Вилијам за време на студиите на шкотскиот универзитет Сент Ендруз, може да се заклучи дека универзитетите се едно од потенцијалните места за “сонот да стане реалност”. Затоа запишете се на некој добар универзитет бидејќи се покажало дека принцовите се одредуваат за нив. Најдобро би било тоа да биде Кембриџ – гласи златното правило број еден.
Следен предлог е присуствување на забави и тоа што е можно почесто, но само на оние кои ги приредуваат пријателите. Правилото број два вели дека принцот можете да го запознаете доколку играте или присуствувате на некој спортски натпревар. Најпожелно е тоа да биде поло, пливање или тенис. На крајот од листата како заклучок се нагласува дека аристократското или кралското потекло не е гаранција дека ќе се забавувате или ќе се омажите за принц. Статистиката покажала дека околу 71 процент од жените кои се забавувале со принцовите од европските земји, потекнувале од средниот друштвен слој.
Да резимираме…
1. Мислете глобално – половина од принцовите се женат со девојки од странство.
2. Шетајте ја Европа – идеални се Монако и Скандинавија.
3. Образувајте се – универзитетите се нови „пазари за венчавки“
4. Облечете чевли за танцување – принцовите сакаат да се забавуваат
5. Спортувајте – најдобро е да играте тенис
6. Вработете се – идеална работа за идната принцеза е во сферата на медиумите или шоу-бизнисот.
7. Станете познати – зголемете ги шансите да запознаете принц, така што ќе направите нешто со кое би станале познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт
-
Полицијата објави видео од Принц, еден ден пред смртта: Бил потполно блед и изгубен (видео)