Хрватските медиуми, анализирајќи ги препораките на Европската комисија за Западниот Балкан, наведува дека Хрватска сега во рака ги држи сите соседи кои сакаат да влезат во ЕУ, и тоа поради границите.
Тоа што хрватските медиуми го издвоија како важно од најновата Стратегија на ЕУ за Западен Балкан е дека прашањето за конечното членство на Србија и Црна Гора, како и другите западноевропски претенденти, ќе биде условено со решавањето на билатералните гранични прашања.
Во тој контекст ја цитираат и изјавата на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер дека нерешеното прашање од спорот меѓу Хрватска и Словенија мора итно да биде решено.
Хрватските медиуми притоа истакнуваат дека Јункер предупредил оти во иднина нема да дозволи влез на држави со меѓусебно отворени гранични прашања.
извор: канал 5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.