| четврток, 6 декември 2018 |

Случај „Агент“ – уапсен познат скопски адвокат

LISICI AKCIJA

Полицијата денеска го уапси скопскиот адвокат Владо Пешликовски, јавува „Прес24“ повикувајќи се на доверливи извори во полицијата. Пешликовски се барал за издржување на затворска казна од две години. Адвокатот е осуден во рамките на случајот „Агент“, заедно со ексначалникот на ДБК, Слободан Богоевски.

Во 2013 во полициската акција наречена „Агент” биле откриени и документирани малверзации околу атрактивно градежно земјиште во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје. Судењето за „Агент” траеше два месеца. Шесттемина обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент” и словенечки „Меркатор” переле пари. Тие го негираа обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на плацот со површина од 19.000 квадратни метри во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација. Две години затвор доби и Богоевски кој се жалеше на Апелација, но и второстепениот суд му ја потврди казната.

Адвокатот Владо Пешликовски на јавноста и е најпознат од времето додека му беше адвокат на Агим Красниќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top