Шпионите секаде прво се апсат, па потоа се прават истрагите смета Стевчо Јакимовски, поранешниот функционер на СДСМ, кој во интервју за „Канал 5“ изјави дека со криминалци не се преговара.
– Јас сум длабоко убеден дека не најдоа најсоодветен начин да се справат со целата ситуација и со матријалите кои што тие ги поседуваат и дека во оваа конкретна ситуација ние веќе завлегуваме секојдневно во подлабок и подлабок криминал и подлабоко и подлабоко кршење на законските прописи во Република Македонија и сегде во светот. Кажете ми дали Асанж или Викиликс преговара со некого во неговата држава? Каде тоа во светот има со шпионите и со луѓе што се огрешиле од законот, што прават криминал да се преговара? Се знае како се постапува. Шпиуните секаде прво се апсат, па потоа се прават истрагите – рече Јакимовски за Канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)