Имаме клсична шпиунска афера со кои се нанесува тешки последици врз службата за државна безбедност на Република Македонија, а никаде во светот со шпиуни не се преговара, смета лидерот на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, Ставчо Јакимовски, кој во интервју за „Канал 5“ изјави дека никаде во светот не е дозволено она што Заев го прави.
– Телефонот е средство за работа на директорот за државна безбедност и контра разузнавање, тој има стотици илјади разговори. Од тие стотици илјади разговори сигурно имал 100 кои што не се однесуваат на работата на службата. Меѓутоа овие луѓе што денеска ги гледаме пред камерите што стојат и даваат снимени матријали пред јавноста, тие ги слушаат сите тие матријали кои што се однесуваат на безбедноста на државата. Имали таму разговори кои што се од највисок ранг безбедност на оваа држава, државни тајни за кои што се разговара итн. Кој тебе во светот тоа ќе ти го дозволи ти да ги имаш разговорите на директорот на управата за безбедност и контраразузнавање, на премиерот кој што управува со највисоки државни тајни, и тоа да го следиш нормално, да го прислушкуваш, да го селектираш и да можеш да го пуштиш кога сакаш и каде сакаш. Нигде тоа во светот не е дозволено, рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)