Дваесет и четири песни и исто толку мисли ги исполнуваат страниците на втората книга на Душко Стефанов, збриката мисли, песни и поезија „И буден сонувам“ која во среда, 25 март 2015 година со почеток од 20 часот и официјално ќе биде промовирана пред кавадаречката културна јавност.
На промоцијата која што ќе се оддржи во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ се очекува да зборуваат познати личности од кавадаречкиот јавен живот, уметници и пријатели на Душко Стефанов, а целиот настан ќе биде надополнет со многу музика и поетско читање.
За потсетување, Душко Стефанов пред десет години ја објави книгата „Песочен часовник“, а за неговите особени достигнувања во областа на културата во 2014 година го доби и највисокото одличје на град Кавадарци, наградата „7 Септември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)