| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи на КК Куманово ограбиле и претепале вработени во бензинска станица

okta beninska

Група од 20 навивачи на кошаркарскиот клуб Куманово вчера вечер зеле разни артикли од бензинската станица на „Окта“ кај село Ржаничино, а кога требало да платат, физички ги нападнале вработени, при што еден завршил во Ургетниот центар во Скопје. Насилниците подоцна биле пресретнатите од полицијата и уапсени.

МВР соопшти дека вчера околу 21.50 часот, во скопското село Ржаничино, на бензинската пумпа „Окта“, околу 20 навивачи на кошаркарски клуб од Куманово се симнале од комби и од продавницата зеле разни артикли, а при обид да бидат спречени од страна на вработените К.Ј.(20) и Б.А.(27), истите физички гo нападнале Б.A.нанесувајќи му телесни повреди, по што си заминале. Во 22.10 часот на наплатната рампа „Романовце“, комбито со навивачи е сопрено и тие се приведени во полициската станица во Кисела Вода за целосно расчистување на случајот, додека, пак, Б.А. е пренесен во Ургентниот центар во  Скопје за укажување лекарска помош. По целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top