Масивни ѓердани
Оваа сезона многу се нагласени масивните ѓердани, кои со својот изглед нудат вистински детали што може да ја збогатат секоја комбинација. Најчесто се работи за различни димензии и облици.
Ѓердани во најразлични облици
Ѓердани изработени од разни цевчести облици, во различни бои, текстури, облици, материјали се, исто така, во тренд оваа пролет. Видлива е разновидноста на материјалите, а овој тренд може да го видите кај Џорџо Армани, Марни, Салваторе Ферагамо..
Метални алки
Металните алки се во комбинација со сите бои, но ги има и во една боја, во големи или мали облици, или, пак, класично изработени, односно минималистички.
Синџири
Импресивни и значајни, синџирите заокружени во ѓердан на целиот изглед му даваат шик изглед. Минималистичкиот и класичен облик на синџири го има кај „Нина Ричи“, а деликатниот и широк дизајн кај „Ив сен Лорен“.
Обетки во разни облици
Експериментите во различни бои и облици ги има и кај обетките. Кај креативно изработениот дизајн може да се види разновиден материјал и разна текстура. За минималистички изглед се решија „Прада“, „Кристијан Диор“, „Луј Витон“, долги обетки со светки има кај „Нина Ричи“…
Хипи-накит
Хипи-стилот инспирираше многу модни креатори да направат накит во таа насока. Разновидноста на боите и на облиците, како и шаренилото, може да се види кај „Дерек Лам“, „Емилио Пучи“, „Етро“, „Луј Витон“, „Марни“, „Стела Џин“, „Нарцисо Родригез“….
Минималистички ремени
Овие ремени оставаат добар впечаток на секоја комбинација и многу се популарни оваа пролет. Ги има во колекциите на „Нина Ричи“, „Филип Лам“…
Модерни ракавици
Во зима ракавиците ве штитат од студи, а во пролет служат како декоративен елемент со кој во целост се менува посакуваниот изглед. Креативни решенија на минималистичките и елегантни ракавици носат „Жан Пол Готје“, „Емануел Унгаро“, „Мошино“ и други.
Класични ретро чанти
Трендовите доаѓаат и заминуваат, но класичните женски чанти се секогаш популарни. Збирката нови чанти за сезоната пролет 2015 година на класични чанти ги има „Луј Вотон“, „Мајкл Крос“, „Долче и Габана“, „Фенди“, „Прада“, „Валентино“…
Минијатурни чанти
Слатките минијатурни чанти добија ново значење оваа сезона. Различните стилови и облици може да се приспособат на различни ситуации. Ги има кај „Мајкл Крос“, „Марк Џејкобс“, „Џорџо Армани“, „Нина Ричи“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.