| четврток, 6 декември 2018 |

Денес започнува пролетта, ама баба Марта повторно не изненадува!

Денес во Македонија и на северната полутопка настапува пролетта, додека во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Пролетта ќе трае до 21 јуни до 11:07 часот кога календарски ќе настапи летото.

Пролетта го означува преминот од зима во лето. Нејзините денови се долги околу 12 часа со растечка дневна должина, и настануваат некаде пред рамноденицата.

Метеоролозите, воопшто ги дефинираат четирите годишни времиња во повеќе климатски области, зима, пролет, лето и есен. Тие се разграничуваат според вредноста на нивните просечни температури на месечна основа, со секое годишно време да трае три месеци.

Сепак иако календарски пролетта доаѓа, зимата не сака да си замине. Така УХМР прогнозира претежно суво време со умерен до засилен западен ветер особено на југозападот. Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе бидат од снег, понекаде во овие подрачја и на височина од 1.500 метри.

Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од дожд во снег. Во четврток ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се претежно од дожд. Врнежи со помал интензитет, претежно снежни, се очекуваат и во петок кога ќе биде најстудено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top