| четврток, 6 декември 2018 |

Од април сметките за вода ќе бидат во сина, портокалова или црвена боја во зависност од долгот

Од април сметките за вода ќе бидат во сина, портокалова и во црвена боја, во зависност од тоа дали корисникот има или нема долг. Ако корисникот плаќа редовно, на сметката ќе има бојосано сина линија, која ќе значи дека тој е редовен претплатник. Доколку задоцнил со една фактура, во наредната сметка ќе има портокалова линија, која ќе укаже на опомена пред тужба. Сметките со црвена линија, пак, ќе значат дека граѓаните се веќе тужени за ненамирен долг, пишува „Вест“.

Александар Атанасов, директор на јавното претпријатие “Водовод и канализација” вели дека со новите фактури граѓаните ќе имаат увид во тековната состојба за да можат навреме да реагираат.

„Сметаме дека на ваков начин ќе им олесниме на нашите корисници, редовно информирајќи ги за состојбата со плаќањето. Секој месец ќе знаат дали се на чисто или пак доцнат со сметки. Новиот дизајн нема на никој начин да влијае на висината на сметките, туку само ќе укажува за долгот, и на тој начин граѓаните ќе можат тековно да се раздолжуваат, без да трупаат долгови, можеби некогаш и поради немање на информација”, вели Атанасов.

Тој најави дека паралелно со новите фактури ќе дозволи и плаќање на долговите на рати, пишува „Вест“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top