Kанабисот, како и други билки кои во себе имаат полен може да предизвикаат алергиски реакции. Според најновата студија, објавена во „Аналите на алергии, астма и имунологија“, се смета дека канабисот, како и други билки кои во себе имаат полен, може да предизвикаат алергиски реакции, пишува „Индипендент“.
Истражувањето го водел докторот Тад Окампо, и тој заклучил дека иако претходно биле ретки, алергиските реакции на канабис сега стануваат се позачестени.
Окампо рече дека употребата на марихуана доведува до симптоми на алергии, вклучувајќи и висока температура, коњуктивитис, астма, па дури и анафилакса.
– Во моментот нема детални податоци за алергии од овој вид и затоа е потребно уште доста истражување за да дефинитивно се утврдат трајните алергени и да се појаснат можностите за лекување на пациентите кои се алергични на канабис, изјави докторот Тад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.