Турското Министерство за здравство предупреди за можно ширење на свинскиот грип во државата, јави БТА. Министерот за здравство, Мехмед Мјуезиноглу нагласи на прес-конференција дека досега 39 луѓе во Турција ги загубиле животите од тој вид на грип.
Тој додаде дека во изминатите 20 денови има значителен пораст на заболените од свински грип. Вкупно 4.300 болни имаат симптоми на тој вид грип, а кај 399 е потврдено присуство на вирусот Х1Н1.
Во болниците во Турција во текот на еден ден има во просек по околу 60 болни од вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.