| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет и девет жртви на свински грип во Турција

Турското Министерство за здравство предупреди за можно ширење на свинскиот грип во државата, јави БТА. Министерот за здравство, Мехмед Мјуезиноглу нагласи на прес-конференција дека досега 39 луѓе во Турција ги загубиле животите од тој вид на грип.

Тој додаде дека во изминатите 20­ денови има значителен пораст на заболените од свински грип. Вкупно 4.300 болни имаат симптоми на тој вид грип, а кај 399 е потврдено присуство на вирусот Х1Н1.

Во болниците во Турција во текот на еден ден има во просек по околу 60 болни од вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top