| четврток, 6 декември 2018 |

Смрт на ринг, кечер почина од удар, борбата продолжи покрај него (вознемирувачко видео)

meksiko

Голем инцидент се случи на ринг во Мексико, а почина една од кечерските легенди на оваа земја, Педро Рамирез во бизарна ситуација. По еден удар, кој подоцна се покажа како кобен, Рамирез остана да виси на јажињата, а борбата во рингот продолжи без застој. Откако актерите сфатија дека нешто се случува со Педро, веднаш притрчаа да му помогнат, но немаше спас за 35-годишниот Мексиканец.

За смртта на кечерот виновни се и организаторите на борбите во Тихуана, бидејќи немале соодветни медицински помагала. Без носилки во салата, Рамирез било изнесен на импровизирана направа, несоодветна за вакви случаи, па итрагата ќе утврдува кој и каква вина има во трагичниот случај.

Напоменуваме дека видеото е со вознемирувачка содржина.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top