| четврток, 6 декември 2018 |

Халеп херојски ја надмина семејната трагедија и освои титула во Индијан Велс

Симона Халеп јуначки ги издржа сите проблеми и ја надмина семејната трагедија, крунисувајќи го настапот на Индијан Велс со титула. На почетокот на таканаречениот петти гранслем Халеп беше шокирана со веста дека нејзиниот братучед Никика Аргир е пронајден мртов во станот во Констанца, откако извршил самоубиство.

Халеп размислуваше да го откаже настапот на турнирот, но сепак во констултација со семејството одлучи да игра и го освои претсишниот трофеј на Индијан Велс. Во финалето со 2-1 во сетови Симона ја надигра Јелена Јанковиќ и го крена пехарот.

„Ова е болно за мене и за моето семејство. Сепак одлучив да играм, бидејќи знам колку Никика го сакаше тенисот. Му ја посветувам победата на Индијан Велс“, изјави Халеп.

halep

Во машкото финале во нов тениски спактакл Новак Ѓоковиќ ја одбрани ланската титула со победа против Роџер Федерер. До јубилејниот 50. трофеј во кариерата Новак стигна со сигурна игра, иако можеше да го реши мечот и во два сета. Првиот го доби со 6-3, потоа имаше и брејк предност за 4-2, но Федерер направи пресврт и израмни во тај-брејк на 1-1. Во решавачкиот сет Ѓоковиќ направи клучен брејк за нова предност од 4-2, која овојпат не ја прокоцка и славеше со 6-3, 6-7 (5), 6-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top