| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот Македонец што го воодушеви жирито на „Икс-фактор“ (ВИДЕО)

589136_x-factor-almir01-foto-promo_f
Синоќа започна со прикажување втората сезона на регионалното шоу „Икс-фактор“, а веќе во првата емисија македонски претставник ги доби сите гласови од четиричленото жири.

Дваесет и осум годишниот Алмир Исмаили, инаку програмер и каратист од Скопје, е првиот од, се надеваме, низата на Македонци кои и годинава ќе покажат дека нашата земја располага со огромен музички талент.

Исмаили ја исполни „I believe I can fly“, а со неговиот емотивен и самоуверен настап покрај Александра, Жељко, Тончи и Масимо, ја воодушеви и публиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top