Шпанската Социјалистичка партија победи на вчерашните регионални избори и го задржа своето упориште во Андалузија, а левата партија Подемос, која е сојузник на грчката радикална левица СИРИЗА е трета сила во провинцијата.
Социјалистите освоија 34,5 отсто од гласовите и ќе имаат 47 од вкупно 109 пратеници во регионалниот Парламент, покажуваат конечните резултати по пребројувањето на 99,95 проценти од гласовите.
Во Андалузија, шпанска провинција со најголем број жители, социјалистите владејат 33 години.
Владејачката Народна партија, која во Шпанија е на власт од 2011 година, е втора сила во Андалузија со 29 проценти од гласовите и 33 пратенични места.
Подемос е на трето место во Андалузија со 14,8 отсто од гласовите и 15 пратенички места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.