| четврток, 6 декември 2018 |

Канадската мисија ќе се проширува во борбата против ИД

борба ИД

Канадскиот премиер Стивен Харпер денеска во Отава ќе го претстави пред генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг планот за проширување на канадското воено учество во меѓународната коалиција во борбата против Исламска држава (ИД).

– Канадската мисија во меѓународната коалиција завршува следниот месец и Харпер ќе ги изложи пред Столтенберг деталите за нејзино продолжување и проширување – соопшти висок претставник на канадската Влада.

Шеесет и девет војници од специјалните единици на Канада им помагаат на курдските борци во северниот дел на Ирак. Шест канадски авиони-ловци ЦФ-18 се стационирани во Кувајт. Досега земјата нема воено учество во операциите на меѓународната коалиција во Сирија, но Харпер планира да го разгледа и тоа прашање со генералниот секретар на Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top