| четврток, 6 декември 2018 |

Лек за грло со ѓумбир, мед и лимон

med-limun-i-djumbir-560x330

Комбинацијата на мед, ѓумбир и лимон делува ефикасно, обезбедувајќи намалување на симптомите на кашлицата, како и настинките проследени со кашлица, како и при болки во грлото и течење на носот, стомачни заболувања и главоболки.

Состојки:

1 корен од ѓумбир

2 лимони

една тегла мед

Двата лимона ги сечеме на тенки кришки, ѓумбирот го сечеме на тенки листови. Ги ставаме во тегла, ред лимон, ред ѓумбир и ги залеваме со мед. Теглата ја затвораме и ја ставаме во фрижидер.

По два дена лекот е спремен за пиење.
Препорачливо е да се пие по една лажица наутро или пак да се стави во зовриена вода и да се пие како чај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top