| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага: Националното обединување е идеа од минатиот век, наша цел е ЕУ

Atifete Jahjaga

Косовската пртседателка, Атифете Јахјага, обединувањето со Албанија го гледа како идеjа од минатиот век. Таа вели дека  Косово сега единствено цели кон интеграцијата во ЕУ.

На прашањето од швајцарскиот весник „Тагблат“ околу тоа како гледа на отворено искажаната желба на многу млади Косовци за една голема албанска држава во која ќе биде и Косово, Јахјага изјави дека земјата сега има други амбиции.

– Сега живееме во 21 век и не е време да се реализираат идеи од минатиот век. Целта на Косово и на сите негови жители е интеграција во ЕУ – изјави Јахјага.

Претседателката Јахјага при официјалната посета на Швајцарија за медиумите зборуваше и за масовната миграција на косовските граѓани ,како и за другите предизвици на новата држава. Таа призна дека е вистина оти последните месеци Косово има проблеми со нелегалната емиграција, но според неа тоа е не само проблем на Косово, туку на целиот регион.

– Причини за миграцијата,главно се економски карактер и нејасната перспектива на европска интеграција,но и тоа што одредени криминални кругови ја искористија манипулацијата со граѓаните како начин  да профитираат од нив – изјави Јахјага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top