Влатко Стефановски одржа концерт кој на публиката и помогна да побегне од секојдневието и да ја однесе во најубавите предели од Македонија и од светот, во музичките. Оган и мраз – онака како што беше најавен концертот. Заплчна со Васко Атанасовски на саксофон и флејта, ја „мрзнеше“ публиката. Нежните тонови на гитарата на Влатко Стефановски пак, ја „одмрзнуваа“. Звуците на саксофонот носеа во најубавите алпски снежни предели, а гитарата не „префрлаше“ на песочна бела плажа на тиркизно море.
Првиот од двата најавени концерти траеше речиси деведесет минути, а на публиката и овозможи да отпатува со мислите, но со добро познатиот македонски и словенечки фолклор. На самиот почеток, по само една нумера отсвирена Влатко, пријателски и во негов стил ги претстави гостите од Словенија кои го придружуваа, но низ хумор за себе рече: „Не знам дали јас да се претставам, јас сум ВлаткоСтефановски.ком.мк“.
Фото: А. Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.















