| четврток, 6 декември 2018 |

Стојанче се сокри позади жените, но мажите удираа по полицијата (видео)

stojanceЛидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов денеска се сокри позади жените кои по негови инструкции се обидоа да влезат во МРТ, но затоа мажите удираа по полицијата, покажува оваа видео снимка.
Во еден момент, додека Ангелов наредува мажите да не учествуваат во обидот за упад во телевизијата, еден од неговите поддржувачи со тупаници удира по полицијата. Полицискиот службеник не одговара на ваквите провокации и не возвраќа со употреба на сила.

Ова видео јасно покажува дека мажите удираат по полицијата додека “генералот“ се сокри позади жените. Бранителите од Здружението „Бедем“ му посочија на Ангелов дека е продолжена рака на партијата СДСМ чии жени денес го бранеа од полицијата.

-Денес „генералот„ Стојанче ги пушти жените на СДСМ да се конфронтираат со полицијата. Многу ниско за еден маж па уште пониско и за самопрогласен генерал.Ова е уште еден доказ дека борбата на Стојанче е лична и нема никаква врска ниту со нас бранителите ниту со државата и нејзините интереси. Се покажува дека Стојанче е продолжена рака на партијата СДСМ чии жени денес го бранеа од полицијата. Срамна злоупотреба на жените а уште посрамна манипулација од Стојанче, стои во статусот на Здружението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top