По помрачувањето на Сонцето, се очекува тоа ретко поклопување на астрономските фактори вечерва да предизвика “плима на векот”, природен феномен, кој ќе биде посебно спектакуларен во францускиот залив Сен Мало. Неколку илјади луѓе ќе го набљудуваат нивото на водата, кое би требало да достигне висина на четирикатница.
Околу тој камен остров, на кој се возвишуваат средновековни кули, вечер во 20 часот нивото на водата треба да достигне 14,15 метри, соопштила Хидролошката и океанографска служба на француската морнарица.
Неколку илјади луѓе заминале на островот Мон Сен Мишел, инаку голема француска туристичка атракција. Мон Сен Мишел ќе биде второто место во светот, по заливот Фанда во Канада, каде што разликата помеѓу плимата и осеката ќе биде најголема.
– Ќе биде импресивно и спектакуларно. Ќе надојде голема маса на вода која потоа ќе се повлече”, изјавил Никола Вебер, експерт за плима при “SHOM”, пренесуваат француските медиуми.
Тој додал дека посетителите треба да бидат внимателни, бидејќи “морето ќе надојде многу брзо” и потсетил на локалната поговорка која вели дека “морето во Мон Сен Мишел напредува со брзина на коњ во галоп”. “Можеби не како коњ во галоп, но како човек во трка сигурно”, рекол Вебер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.