| четврток, 6 декември 2018 |

Бранителите од Бедем: „Генералот“ Стојанче се сокри позади жените од СДСМ

Здружението на бранители „Бедем“ му одговори на Стојанче Ангелов по повод денешните протести пред зградата на МРТВ.

– Денес „генералот„ Стојанче ги пушти жените на СДСМ да се конфронтираат со полицијата. Многу ниско за еден маж па уште пониско и за самопрогласен генерал.Ова е уште еден доказ дека борбата на Стојанче е лична и нема никаква врска ниту со нас бранителите ниту со државата и нејзините интереси. Се покажува дека Стојанче е продолжена рака на партијата СДСМ чии жени денес го бранеа од полицијата. Срамна злоупотреба на жените а уште посрамна манипулација од Стојанче – велат од „Бедем“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top