| четврток, 6 декември 2018 |

Со промотивна трка одбележан Светскиот ден на франкофонијата

Под мотото „Биди активен! Трчај за франкофонијата“ денеска на кејот на реката Вардар се одржа трка со која беше одбележан 20 март – Светскиот ден на франкофонијата.

Трката ја организираше Францускиот институт во Скопје во соработка со Амбасадата на Франција, а на неа учествуваат над 500 учесници меѓу кои и ученици од средните училишта на Град Скопје и студенти од првата година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”.

На настанот присуствуваа француската амбасадорка Лоренс Оер и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Трајановски истакна дека трката се одржува во рамки на активностите со кои се одбележува месецот на Франкофонијата.

–  Ние ја поддржуваме оваа промотивна трка и апелирам до жителите на Скопје да бидат што е можно повеќе активни и да рекреираат, рече Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top