Под мотото „Биди активен! Трчај за франкофонијата“ денеска на кејот на реката Вардар се одржа трка со која беше одбележан 20 март – Светскиот ден на франкофонијата.
Трката ја организираше Францускиот институт во Скопје во соработка со Амбасадата на Франција, а на неа учествуваат над 500 учесници меѓу кои и ученици од средните училишта на Град Скопје и студенти од првата година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”.
На настанот присуствуваа француската амбасадорка Лоренс Оер и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Трајановски истакна дека трката се одржува во рамки на активностите со кои се одбележува месецот на Франкофонијата.
– Ние ја поддржуваме оваа промотивна трка и апелирам до жителите на Скопје да бидат што е можно повеќе активни и да рекреираат, рече Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка
-
Во Скопје се трча во сите годишни времиња: Почнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ
-
Во месецот на Франкофонијата: Проекција на филмот „Денес“ во Кинотека на Македонија