СВР-Скопје, во три одвоени случаи на семејно насилство до ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против три лица од Скопје: О.Г.(21) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“; Д.Д.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда“ и против Т.Д. (31) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Од стран на Судија на претходна постапка на пријавените Т.Д. и О.Г. им одреди мерка притвор во траење од по осум дена.
Пријавениот О.Г. минатата недела, односно на 12.03. околу 13,00 часот и испратил СМС порака на неговата мајка итно да му обезбеди 100 евра, а потоа уште 400 евра за негови лични потреби. Откако истата излегла за да му каже дека нема толку пари, тој почнал да и се заканува дека ќе ја нападне нејзе и целото нејзино семејство. Во тој момент, дошол и неговиот очув при што во обид да ја заштити сопругата бил нападнат од страна на пријавениот со метален боксирач, но успеал да го одбегне ударот.
Пријавениот Д.Д. во семејниот дом откако се довел во алкохолизирана состојба физички ја нападнал својата сопруга на тој начин што ја навредувал со погрдни зборови и ја удирал по лицето и главата, а кога неговата ќерка се вмешала да ги смири, пријавениот ја нападнал и неа при што и на двете им нанел видливи телесни повреди и истите веднаш се упатени на лекар.
И во третиот случај пријавениот Т.Д. завчера, односно на 19.03. околу 03,35 часот во семејниот стан во кој живееле заедно со неговата мајка, откако претходно се довел во алкохолизиранасостојба, насилно со туркање на заклучената врата од спалната соба во која спиела мајка му,влегол и од неа побарал да му го даде нејзиниот мобилен телефон. Кога оштетената одбила, пријавениот почнал да ја удира со тупаници и клоци по целото тело. Од здобиените удари, оштетената паднала на подот, меѓутоа пријавениот непрестанувал со тепањето.Сепак оштетената некако успеала да му побегне и случајот го пријавила во полиција.
Инаку сите тројца се евидентирани во полициската крим евиденција како сторители на разни видови кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејна драма во Трубарево: Мајка со маша ја претепала и ја избркала од дома 13 – годишната ќерка
-
Жена претепана од сопругот во Кондово: Паднала во безсознание, соседите морале да викаат Брза помош
-
Семејно насилство во струшко: Крвнички ја претепал сопругата, едвај се спасила
-
Девојка претепана од невенчаниот сопруг