| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва по 16.пат Виенски бал во Скопје

Во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус”, под покровителство на  Амбасадата на Австрија во Македонија вечер во Скопје ќе се одржи 16.издание на Виенскиот бал.

На традиционалната културно-музичка манифестација ќе се танцува на валцери и ќе се пеат евергрини и хит рефрени. Оркестарот Јохан Штраус – триесет професионални музичари инструменталисти, ќе музицираат под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар, а танцови точки ќе изведат танчери на танцовиот клуб „Прима Данца“.

На Виенскиот бал во Скопје ќе настапат и првенците на Балетот при МОБ – Марија Кичевска и Бобан Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top