| четврток, 6 декември 2018 |

По 16. пат Виенски бал во Скопје

На 21 март во хотелот „Александар палас“, традиционално, по 16. пат ќе се одржи Виенски бал во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус”, а под покровителство на  Амбасадата на Република Австрија во Македонија.

Виенскиот бал во Скопје е традиционална културно-музичка манифестација што ја потврдува македонско-австриската сорботка на полето  на културата и уметноста. Врвни уметнички имиња од нашата земја и музиката на легендарната династија Штраус прават оригинален спој на културите на двете држави. Гостите на балот ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на музиката на Штраус, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

Како и секоја година, на балот се задолжителни долги тоалети за дамите и смокинг или темен костум за господата.

Вечерта ќе се танцува на валцери, ќе се пеат евергрини и познати рефрени,  а ќе настапат стотина врвни уметници:

–     Оркестарот Јохан Штраус – триесет професионални музичари, инструменталисти ќе музицираат под диригенство на маестро Саша Николовски-Ѓумар.

–     Танчари на танцовиот клуб „Прима данца“

–     Џон Илија Апелгрен

–     Петар Ренџов и „Свингерси бенд“.

–    Првенците на Балетот при МОБ – Марија Кичевска и Бобан Ковачевски.

–     Водителка на Виенскиот бал во Скопје ќе биде Јована Стојменовиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top