Во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус”, под покровителство на Амбасадата на Австрија во Македонија вечер во Скопје ќе се одржи 16.издание на Виенскиот бал.
На традиционалната културно-музичка манифестација ќе се танцува на валцери и ќе се пеат евергрини и хит рефрени. Оркестарот Јохан Штраус – триесет професионални музичари инструменталисти, ќе музицираат под диригенство на маестро Саша Николовски – Ѓумар, а танцови точки ќе изведат танчери на танцовиот клуб „Прима Данца“.
На Виенскиот бал во Скопје ќе настапат и првенците на Балетот при МОБ – Марија Кичевска и Бобан Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.