| четврток, 6 декември 2018 |

Димевски вели дека за неговата смена ќе решава ФИБА

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Даниел Димевски денеска на прес-конфереција се осврна на актуелните барања на дел од клубовите во нашата земја за негова оставка од фунцкијата. Тој потенцираше дека нема намера на такво нешто бидејќи барањето од КК Карпош Соколи е нелегитимно. Димевски откри дека контактирал со Светската кошаркарска федерација (ФИБА) и добил инстркуции за понатамошни дејствувања.

– КФМ и јас како претседател сакам да соопштам дека федерацијата официјално ја отфрламе иницијативата на претставникот на Карпош Соколи за смена на актуелното раководство на федерацијата и свикување собрание за именување на нова раководна структура на федерацијата која има најголем резултат на репрезентативно ниво. Иницијативата не е во согласност со актите и таа ја оценив како фалсификат и не е со одредбите на ФИБА. За таа цел овие денови бев во седиштето на светската кошаркарска федерација и добив директни иструкции и совети како треба да се настапи при една ваква ситуација. По тие препораки доследно пристапивме на процедурата по добиеното барање од Огнен Дедиќ. Иницијативата поднесена од страна на Огнен Дедиќ, за свикување на Вонредно Собрание, согласност член 9 точка 5 од Статутот на ФИБА, предадена е до Спортско Арбитражен Суд кој ќе ја утврди нејзината валидност. Постапката ќе ја врши независен орган на ФИБА и ќе се утврди што се случило во тие четири дена по одржувањето на Собранието на кои никој немаше замерки за работата на федерацијата“ – истакна претседателот на КФМ.

Во зависност од процедурата на Спортскиот арбитражен суд на ФИБА, ќе бидат превземени соодветни чекори. Секако Димевски најави дека изборно собрание ќе има по заврушувањето на Евробаскетот 2015 година. Доколу судот одлучи дека барањето е валидно, јас ќе организирам избори седум дена по добивањето на оваа одлука. Секако изборот ќе го направиме тајно за да нема никакви притисоци кон делегатите и никој да не се плаши од никого во одлуката. Доколку одлуката биде негативна, и покрај тоа ќе свикам Изборно Собрание веднаш по завршувањето на Евробаскет 2015. Најавувам дека и тогаш, ако има два или повеќе кандидати, гласањето ќе биде тајно, за никој да не се плаши од реваншизам или да трпи непотребен притисок од било кој ќе се кандидира за претседател“ – истакна Даниел Димевски.

Димевски на крајот обелодени дека се повлекува од сите функциите за да не им служи на тимовите како алиби за лошите резултати во суперлигата.

Лигата ни е многу квалитетна, но и многу тензична, а допрва претстои битката за плејофот и за титулата. Поради сево ова, овде декларативно изјавувам дека се до моментот на Спортскиот Арбитражен Суд, јас лично во овој момент се изземам од сите тела на МКФ кои ги третираат лигите и натпреварувањата, за да не бидам дежурен виновник и алиби за секој оној што ќе загуби натпревар, дека на било кој начин ќе влијаам врз натпреварувањата. Согласно Статутот, ингеренциите ќе ги превземе потпретседателот Димитар Костадинов – заврши Димевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top