Светот може да остане само 40% на вода за само 15 години, ако замјите драматично не го сменат користењето на ресурсите, предупредува во извештај на ОН, пренесува „АП“.
Резервите од подземните води се намалуваат, прогнозите покажуваат и непостојаност на дождовите поради климатските промени. Додека светското население се очекува да се зголеми за 9 милијарди луѓе до 2050 година, поголеми количини на подземните води ќе бидат потребни за земјоделството, индустријата и личната потрошувачка.
Во извештајот се истакнува дека потрошувачката на вода во светот ќе порасне за 55% до 2050 година, додека резервите ќе се намалуваат. Ако нема промена во користењето на водните ресурси, светот до 2030 година ќе остане со 40% недостиг на вода, нагласуваат од ОН.
Ако балансот помеѓу побарувачката и ограничувањето на понудата не биде откриена, светот ќе биде изведен пред растечки дефицит на вода во светот, алармираат во годишниот извештај „Ворлд вотер девелопмент“ (World Water Development), каде што се додава дека е потребна поголема ефикасност, за да може да се гарантира доволно снабдување со вода во иднина.
Во документот, објавен во „Њу Делхи“ два дена пред Светскиот ден на водата, се повикуваат политичарите и заедниците да ги преиспитаат политиките поврзани со водата.
Земјите може да побараат зголемување на цената на водата, но исто така, да побараат начини за поефикасен и еколошки чист сектор, се вели во извештајот.
Во Индија на пример загадувањето на водните извори често е во предвид и е кривично дело. Најмалку 80% од населението на азиската страна консумира вода од подземните води, за да се избегнат бактериски болести.
Во моментот 748 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода за пиење, се наведува во извештајот, предупредувајќи дека економскиот раст сам по себе не е решение и дека ситуацијата може да стане полоша, ако нема реформи за поголема ефикасност и за помало загадување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.