| четврток, 6 декември 2018 |

Презентерката на Канал 5 стапнува на лудиот камен

Презентерка на вестите во Канал 5, Љубица Јаневска, наскоро ќе се мажи.

-Оваа слатка тајна, успешно ја чувавме два месеци и сега ексклузивно добивме дозвола да ја објавиме и со тоа да ги разочараме припадниците на посилниот пол, пишува „Хитпортал“.

Судбоносното ДА се случило за Стара Нова Година.

Човекот кој го освои и срцето и душата на Љубица, се вика Александар, а прв пат како вљубена двојка ги видовме на премиерата на филмот „Трето полувреме“, во септември минатата година.

Свадбената веселба се планира да се случи на есен.

фото: Blizers

lubica

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top