| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Турција досега спречи влез на повеќе од 12.000 потенцијални џихадисти

ердоган

Турција одговорно ги исполнува обврските за пронаоѓање лица што се обидуваат преку турска територија да стигнат до Сирија и да се приклучат кон борците на групата Исламска држава, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред новинари во Анкара, пред да замине во официјална посета на Украина, јави ТАСС.

Ердоган, истакна дека граѓани од разни држави, главно европски жители, се обидуваат претставувајќи се како туристи да се приклучат кон борци од ИД во Сирија, преминувајќи преку турска територија.

Ако ја информираат Турција предвреме за нивното пристигнување, ние ги задржуваме на граница и ги протеруваме од земјата. Фаќањето и протерувањето на овие лица е наш општествен долг и долг на совеста. Но, ако не не предупредат навремено, тогаш никој нема право да покрене претензии кон Турција, изјави Ердоган.

Според него под сомнение за намера за приклучување кон ИД досега е забранет влез во Турција на 12.520 странци, а 1.170 лица се заржани на граница и протерани. Турција продолжува да ги исполнува обврските во однос на тоа прашање и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, истакна Ердоган

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top