Реприза на ланското финале во Лигата на шампионите ќе има и во новото издание на елитното клупско натпреварување во Европа, овојпат во четвртфиналето, каде ќе играат шампионот Реал Мадрид и градскиот ривал и лански финалист Атлетико.
Домаќин на првиот меч ќе биде Атлетико, а интересно ќе биде и на второто дерби меѓу Пари Сен Жермен и Барселона, Златан Ибрахимовиќ против поранешниот клупски соиграчи од Барса.
Реприза на финалето од пред 28 години ќе има и на двомечот меѓу Порто и Баерн, а Баварците ќе се обидат да се реваншираат за загубената титула во 1987 година, кога Португалскиот состав во тогашниот КЕШ, славеше со 2-1.
Интересно ќе биде и на двата дуели меѓу Јувентус и Монако, двојка од која победникот ќе патува во полуфиналето, како попатна станица кон завршниот меч на 6. јуни во Берлин.
Двојки, четвртфинале, ЛШ: ПСЖ – Барселона, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид, Порто – Баерн, Јувентус – Монако
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.