За следење на локалните избори во Македонија се акредитирани 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи.
Најмногу набљудувачи ќе има граѓанската асоцијалција МОСТ -3.941, потоа Здружението за хуманитарни активности „Синергиј“ – Штип 3.534, МЦМС ќе ги следи изборите со 392 набљудувачи, Сојуз на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштија“ акредитираше 379, а НВО „Цивил“ 128 набљудувачи.
Изборите ќе ги следат и 204 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР, по 38 од ОБСЕ и Амбасадата на САД, 32 набљудувачи на Делегацијата на ЕУ, 17 на Централната изборна комисија на Косово, 16 од Советот на Европа, седум од Амбасадата на Франција, по пет од амбасадите на Косово и на Турција, по четири од бугарската, руската, австриската и кинеската амбасада и Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, по тројца набљудувачи од британската, хрватската и албанската амбасада, по двајца од словенечката, украинската, шведската и српската амбасада и еден од Амбасадата на Република Словачка во Македонија. Комисијата за избори, жалби и приговори има акредитирано шестмина набљудувачи, а изборната комисија на Словенија четворица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.