Малку е веројатно дека шесте светски сили во следните денови ќе постигнат рамковен договор со Иран за неговата нуклеарна програма, бидејќи разликите меѓу двете страни се уште се големи, изјави денеска неименуван европски преговарач.
Тој истакнува дека главен виновник за таквата ситуација е неподготвеноста на Техеран за компромис и истакнува дека не е точно тврдењето на шефот на иранската Организација за атомска енергија Али Акбар Салеа дека за 90 отсто работи веќе има договор и оти останало само уште едно нерешено прашање.
Иран и шест светски сили бараат сеопфатен договор со кој иранските нуклеарни активности би се ограничиле за 10 години во замена за постепено снамалување на економските санкции за таа држава. Светските сили сакаат рамковен договор за конечен договор до крајот на март, а дефинитивен договор до 30 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.