Детскиот фестивал „Поточиња“ кој првично беше закажан на 28. март во Универзалната сала, ќе се одржи на 4 и 5 април на сцената на Македонската опера и балет (МОБ).
Со многу нови песнички и оваа година „Поточиња“ ќе ја најават пролетта. За забавата да биде комплетна, драмската секција на „Поточиња“ има подготвено прекрасни видео најави за секоја песничка, а сите посетители ги очекуваат многу изненадувања и награди.
Билетите веќе се во продажба на касата на МОБ, на каса на Универзална сала, Југотон, Камарад Рамстор и цвеќара Розе Веро 2.
Претставите се во следните термини: 04.04.2015 (сабота) од 11:00, 13:00 и 19:00 часот и 05.04.2015 (недела) од 11:00, 13:00 и 19:00 часот. Сите веќе купени билети за претходните термини ќе можат да се заменат на продажното место од каде што биле набавени. Цената на билетот изнесува 150 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.