| четврток, 6 декември 2018 |

Ди Марија: Подготвени сме за „битката за Британија“

Во недела се игра игра најголемото англиско дерби, Ливерпул на Енфилд роуд го пречекува Манчестер Јунајтед.
Во пресрет на „битката за Британија“ како се нарекува овој натпревар, левото крило на црвените ѓаволи Анхел Ди Марија го даде своето видување како за натпреварот против Ливерпул така и за остатокот од сезоната.

– Сите во клубот знаеме каков меч не очекува. Целото свое внимание го насочивме кон овој натпревар бидејќи знаеме колкав е влогот – изјави Аргентинецот.

– Свесни сме за значењето на овој дуел, но истотака знаеме и дека следните натпревари по овој се многу важни и за неколку кола ќе ја скроиме нашата судбина оваа сезона – потенцираше Анхел Ди Марија.

Левоногиот играч за врска се потпира на традиционално добрите игри на црвените ѓаволи на крајот од сезоната.

– Сите играчи се максимално подготвени за завршниот дел од сезоната. Знаеме дека мора да избориме пласман во Лигата на шампионите следната сезона и затоа ќе дадеме се од себе. Силно ќе се бориме за секој бод. Во овој тим научив дека борбата е до последната минута и ние тоа го правиме – заврши Ди Марија.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на четвртото место на табелата со 56 бода, два повеќе од Ливерпул и еден помалку од Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top