По иницијатива на австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микал Лајтнер и министерот за надворешни работи Себастијан Курц, утре во Виена ќе се одржи конференција за борбата против тероризмот со учество на државни претставници од Западен Балкан.
– Западниот Балкан се важна транзитна маршрута како и седиште за врбување на т.н. странски борци – се вели во соопштение за форумот на тема – Заеднички акции против џихадизмот.
ЕУ ќе ја претставува еврокомесарот за миграциски прашања Димитрис Аврамопулос, координаторот на ЕУ за борба со тероризам Жил де Кершов, директорот на агенцијата на ЕУ за основни права Мортен Керум и заменикот директор на Европол, Олдржих Мартину.
На форумот ќе земат учество министри од Србија, Албанија, БиХ, Косово, Хрватска, Македонија и Црна Гора како и од Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември