Италијанска компанија за расветни тела „Буци и Буци“ инвестира во Прилеп. Почетната инвестиција е 300.000 евра со 20 вработувања. Произведува расветни уреди – ламби за модната индустрија како Бенетон, Армани и Версаче. Почнуваат со производство на 10, а планираат производство на 100 модели.
Претставници на компанијата денеска го посетија Прилеп и имаа работна средба со градоначалникот Марјан Ристески.
– Пред една година и половина се решивме да инвестираме во Македонија и нашиот прв контакт беше со градоначалникот Марјан Ристески. Одлучивме дека најлесно ќе биде овде да ја реализираме инвестицијата. Досега имаме фабрики во Шангај, Дубаи, Њујорк и во Италија, а сега отворивме погон во Прилеп. Почнавме со инвестиција од 300.000 евра со 20 вработени, а за две години сакаме да стигнеме до 100 вработувања – изјави Дарио Буци.
Во Прилеп вчера министерот за странски инвестиции Бил Павлески го најави и влезот на германската автомобилска компанија “Акомпласт“ која ќе отвори погон вреден неколку милиони евра и ќе вработи околу 250 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Авиокомпаниите задолжително ќе го осигуруваат багажот и пратките
-
Компанијата „Галф“ обвинета за финансиски криминал, кај нас на отворањето удостоена со министри од Владата
-
Компанијата Лубринафт ќе произведува хидраулични и други масла за подмачкување во Неготино
-
Груевски денеска ќе присуствува на отворањето на компанијата „OneConnect“