| четврток, 6 декември 2018 |

Компанијата Лубринафт ќе произведува хидраулични и други масла за подмачкување во Неготино

masla

Во Македонија влегува компанијата Лубринафт од Република Полска. Оваа компанија донесе одлука да ивестира во Македонија во производство на хидраулични масла и други масла за подмачкување во Неготино.

-Оваа инвестиција ќе достигне до 10 милиони евра и ќе отвори нови 100 работни места и тоа наредната година, со планови за понатамошно проширување. Компанијата својот капацитет ќе го смести во браунфилд објект и ќе претставува значајна поддршка за Неготино и ќе влијае за дополнително намалување на невработеноста.  Оваа компанија веќе има интернационално искуство во производство на масла во индустријата и опрема како што се автоцистерни и има свои претставништва во Словенија, Словачка, Унгарија и Италија. На оваа инвестиција работеше Бојан Петровски кој е советник во Владата во секторот за привлекување инвестиции – соопшти Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top