| четврток, 6 декември 2018 |

Успешни без оглед на тешкиот почеток

Многу познати личности станале ѕвезди по раѓањето, затоа што имале среќа да се родат како деца на познати родители. Од друга страна, некои познати личности родителите нивни не ги сакале од самото раѓање или ги напуштиле откако биле мали. Сепак тие успеале да направат голема кариера.

ЏЕЈМИ ФОКС

jamie-foxx

Џејми фокс е посвоен само неколку месеци откако се родил. Тој бил посвоен од семејство од Тексас, но во периодот на растење од време на време одржувал контакт со своето биолошко семејство. Неговите мајка и татко биле многу млади кога го добиле. Тој успеал да воспостави добар однос со својата биолошка мајка, но не и со неговиот татко.

НИКОЛ РИЧИ

nikol rici

Никол Ричи е родена во Беркли во Калифорнија. Лајонел Ричи почнал да се грижи за неа кога таа имала три години, а официјално ја посвоил кога таа имала девет години.

-Моите родители беа пријатели со Лајонел. Тие биле уверени дека Лајонел може да и овозможи подобар живот-, рекла таа.

Кога се омажила и го добила своето дете, Никол стапила во контакт со биолошката мајка.

ЏОН ЛЕНОН

dzon lenon

Таткото на Џон Ленон, познатиот член на Битлси, исчезнал додека служел во морнарица. Неговата мајка не можела да се грижи сама за него, па Џон бил посвоен од својата тетка.

СТИВ ЏОБС

stiv

Таткото на Стив бил од Сирија и се викал Абдуфатах Џандали. Родителите на неговата мајка биле против таа врска, по што неговата биолошка мајка Џоан Шибле морала да го даде на посвојување. Стив бил посвоен од Пол и Клара Џобс.

МЕРИЛИН МОНРО

merilin monro

Билошката мајка на Мерилин морала да ја напушти својата ќерка откако и починал мажот, затоа што не можела да се грижи за својата ќерка, а поради тоа Мерилин своето детство го поминала во многу згрижувачки семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top