Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска во Прилеп, заедно со градоначалникот Марјан Ристески, ќе ја посети реконструираната Саат- кула во овој град.
Канческа-Милевска и Ристески ќе го промовираат и проектот за реконструкција на киното во Прилеп, а министерката за култура ќе го предаде новиот дигитален проектор како дел од проектот за набавка на проектори за центрите за култура низ Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.