Рускиот претседател Владимир Путин на вчерашната прослава во Москва, посветена на годишнината од анексијата на Крим кон Русија, рекол дека „Крим не е стратешка или важна територија, туку дека таму има милиони сонародници на кои им е потребна помош и поддршка”.
Според него Русите и Украинците се ист народ.
– Станува збор за наши историски и духовни корени, наши државни корени. Станува збор за тоа што нас не прави единствени како народ и нација – рекол Путин, проследен со бурни овации.
– Пред точно една година народот на Русија покажа неверојатен патриотизам во поддршката за жителите на Крим и Севастопољ да се вратат во родната земја – рекол Путин пред неколкуте десетици илјади луѓе на митингот, во близина на Кремљ.
Рускиот претседател се приклучил во прославата, пеејќи ја руската химна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.